Четврток, 17 Август 2017

Новости

МПЦ - ОА на Скопскиот меѓународен саем на книгата

_

Од 04 до 10 април, во Скопскиот саем („Метрополис арена“) се одржува 29-от Саем на книгата. На него заеднички учествуваат поголем број од издавачките сектори при епархиите на Македонската Православна Црква. Специјално за Саемот, книгите се со намалени цени.

Повеќе...

Орден на свети Климент Охридски, од III ред, за господин Ивица Коневски

SPE_4538SPE_4557
На 4 март 2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,  му додели ОРДЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, ОД III РЕД, на градоначалниот на општина Аеродром г. Ивица Коневски.
Повеќе...

Во 5-та недела од Великиот пост Архиепископот служеше во црквата Св. Георгиј во Чаир

SPE_4476Во неделата кога Православната црква си спомнува за св. Марија Египетска, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Василиева литургија во храмот Св. великомаченик Георгиј Победоносец во населбата Чаир.
Повеќе...

Недела на свети Јован Лествичник

SPE_4334SPE_4335
На 26.март 2017 година, четврта недела од Великиот пост, ден кој е посветен на светиот Јован Лествичник, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи света василиева литургија во црквата посветена на Архангелот Михаил, во Автокоманда.
Повеќе...

Крстопоклона недела во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Скопје

SPE_3959На Крстопоклона недела, која се прославува во третата недела од Великиот пост, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија служеше Божествена Литургија на св. Василиј Велики во храмот Рождество на Пресвета Богородица.
Повеќе...

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL