Четврток, 29 Јуни 2017

Новости

Прославено ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ во Соборниот храм Св. Климент Охридски

_6558__-_Copy_6558_107_-_CopyПрославувањето на Светлото Христово Воскресение - ВЕЛИГДЕН во Соборниот храм Св. Климент Охридски започна ноќта на 15 април со Полуноќница и Крсниот пат, а заврши утрото со Пасхална Утрена и Божествена Литургија на св. Јован Златоуст.
Повеќе...

Василиева литургија на Велика сабота

SPE_6172Во манастирската црква Св. Наум Охридски во н. Радишани, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија отслужи Вечерна Василиева Литургија на која се читаат 15-те паримии од Стариот Завет со нивните пророштва за воскресението на мртвите.

Повеќе...

Царски часови и Вечерна служба на Велики петок во црквата Света Параскева (Петка), во населба Црниче

SPE_5802SPE_5803
Во утринските часови на 14 април 2017 година, на Велики петок, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Царски часови и Велипеточна вечерна богослужба со изнесување на плаштаницата на Спасителот во црквата Света Параскева (Петка), во населба Црниче. 
Повеќе...

Утрена на Велика сабота

SPE_6079Во вечерните часови на 14 април кога практично се служи Утрена со чинот на Оплакување и слегување на Господ Исус Христос во адот, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Повеќе...

Утрена богослужба на Велики петок со дванаесетте страдални евангелски читања

SPE_5556SPE_5557
На13 април 2017 година, во приквечерните часови наспроти Велики петок, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Утрена богослужба на Велики петок со читање на дванаесетте страдални евангелски зачала, во соборната црква Свети Климент Охридски.
Повеќе...

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL