Сабота, 20 Јануари 2018

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ВО СТРАСНАТА СЕДМИЦА





1. ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК (01 АПРИЛ)
Архиерејска Литургија на Св. Василиј Велики, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, г.г. Стеган, со почеток во 09:00 часот, во храмот “Св. вмч Димитриј“;
Вечерта, со почеток во 18:00 читање на 12 Евангелија за Христовите страдања. Неговото Блаженство ќе богослужи во Архиепископскиот соборен храм “Св. Климент Охридски“- Скопје
2. ВЕЛИКИ ПЕТОК (02 АПРИЛ)
Царски часеви со Велика вечерна. Околу 10:00 часот изнесување на Светата Плаштаница; Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот “Св. Петка“-Црниче
Вечерта во 18:00 часот - Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос, Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот “Св. вмч. Димитриј“
3. ВЕЛИКА САБОТА (03 АПРИЛ)
Архиерејска Литургија на Св. Василиј Велики, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, г.г. Стефан, со почеток во 09:00 часот во храмот “Св. Наум Охридски“-Радишани, Скопје
4. ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН (03/04 АПРИЛ)
Воскресната богослужба започнува во 23:00 часот на која следи Воскресна Литургија и причестување.
04 АПРИЛ во 09:00 Неговото Блаженство ќе богослужи Воскресна Литургија во Соборниот храм “Св. Климент Охридски“ во Скопје. По Воскресната Литургија, следи читање на Св. Евангелие на повеќе јазици.
Share