Четврток, 19 Октомври 2017

Почетокот на Црквата I дел


_
Прoтопрезвитер Александар Шмеман
Почетокот на Црквата
I дел


Опис за првите години, за почетните настани во историјата на Црквата наоѓаме во Дела Апостолски, книга која е напишана од апостол Лука како продолжеток на неговото Евангелие. Во неа ни е опишана првата христијанска општина во Ерусалим, нејзиното прогонување од страна на јудејските власти, проповедта на апостолите, особено на Павле и, на крајот, даден ни е и опис на распространувањето на христијанството од Ерусалим до Рим. Историската вредност на тој Новозаветен опис често била оспорувана и, навистина, на прв поглед тој може да ни се покаже како далеку од современото разбирање и современите задачи и методи на историјата; во таа книга наоѓаме голем број на пропусти, празнини, понекогаш повеќе наликува на толкување или шема, отколку на просто опишување на настани. Но, читајќи ја, неопходно е да помниме дека подобно на евангелијата, чија содржина не се исцрпува од опишувањето на животот на Христа, така и книгата Дела Апостолски, според самата своја замисла исто така не е просто историска хроника. Таа била напишана во годините во кои Црквата, излегувајќи од првиот стадиум на својот развој, утврдувајќи се во многу големи центри на Римската Империја, веќе целосно ја осознала својата задача и започнала да се утврдува и да го „формулира“ својот првоначален опит во писменоста, така создавајќи го она што подоцна ќе го сочини Новиот Завет. Од сите новозаветни автори Лука повеќе од другите може да биде наречен историчар во нашето разбирање на тој збор, а, сепак, неговото внимание не е сосредоточено саде на историјата, односно не на историјата како таква. Негова тема е Црквата како завршение на Новиот Завет, како исполнение во светот, односно во човековото општество, во историјата – дело извршено од Христос. Не само историјата на Црквата, туку, пред сѐ, таа самата, нејзиниот жив образ, нејзината суштина, како што се откриле тие во најпрвите години на нејзиното постоење – е содржина на тој основоположен памјатник на црковната историја. Тоа е прво учење за Црквата, покажано во фактите на нејзиниот живот, и затоа од сите историски факти се избрани само оние кои ѝ служат на таа цел, кои се суштествени за разбирање на црковното учење. Имено, токму така и ја восприемале таа книга сите наредни поколенија на христијани, кои во ерусалимската општина, во апостолската проповед, во животот и учењето на Павле гледале образец и мерило на црковниот живот за сите времиња, гледале вдахновувачло начало – источник и основа на целата нејзина понатамошна историја.
Расказот во Дела Апостолски започнува со собитие кое за историчарите стои на граница на црковната историја: со Вознесение и Педесетница. Но, во перспектива на Лука во нив се наоѓа почетокот на Црквата, односно таму ни е дадена смислата на нејзиното постоење, смисла која ќе се открива постепено во наредните глави. Мала група на ученици, кои можат целосно да се сместат во една соба: рибари – „прости и необразовани“ по описот на Лука, неколку жени, неколку роднини и другари на Учителот, тоа е целото „мало стадо“ кое останало после Исус од Назарет. И што е тоа што нив ќе ги стори бестрашни проповедници, што ќе ги доведе до „краевите на вселената“ ќе ја покори на нивната вера најголемата од сите кога било постоечки цивилизации, ќе го прероди светот на тој начин што веќе никаква сила нема да може да го отфрли од него ликот на Оној за Кого тие ќе му возвестат? На првите страници на својата книга Лука одговара: слегувањето на Светиот Дух. Таинственото преродување, после кое сето она што го сторил или учел Исус ќе стане нивна сила и Он Сам ќе дејствува во Своите следбеници и преку нив ќе пребива во светот. „Ќе примите сила кога на вас ќе слезе Светиот Дух и ќе бидете Мои сведоци во Ерусалим и по цела Јудеја и Самарија и дури до крајот на земјата“ (Дела 1, 8).
Какво сведоштво, сведоштво за што? Пред да започнеме со опишување на самата историја на Црквата неопходно е да го напоменеме, се разбира во најопшти црти – она евангелие – односно благата вест, која и ќе ја состави содржината на црковниот живот и на христијанската проповед пред лицето на светот. Во деновите на своето земно служење Исус на луѓето им го возвестувал Божјото Царство. И смислата на Неговата проповед и на неговите дела била токму во тоа дека Неговото пришествие е почеток на Царството, дека Синот Божји дошол за да го открие и за да им го предаде на луѓето тоа Царство. Откорнатите од Бога преку гревот, потчинети на злото и на смртта луѓе, луѓето кои го загубиле вистинскиот живот, можат повторно – преку верата во Христа – да го узнаат вистинскиот Бог и Неговата љубов кон светот, во соединување со Него да го примат новиот – праведен, вистински и вечен живот, за кого тие и се создадени. Он учел дека светот не го прима Божјото Царство затоа што „светот во зло лежи“ и ја засакал темнината повеќе отколку светлината. Затоа Синот Божји не само што им принел на луѓето вистинско учење, не само што им принел знание за Царството, туку и спасение. Ги победил злото и гревот кои властвуваа над луѓето. Во сиот свој живот ни покажал лик на совршен човек, односно човек кој Му е до крај послушен на Бога. И токму во тоа послушание и во таа љубов се наоѓала Неговата власт и сила, со кои Он простувал гревови, исцелувал болести, воскреснувал мртви. Во Себе го објавил Божјото Царство како совршено соединување со Бога, како сила на љубов и жртва на Бога и на луѓето. Предаден на срамна смрт, оставен од сите, Он осуштествовил образ на полна посветеност, на совршена љубов, најголемо смирение. Токму во таа негова посветеност се состоела Неговата победа над злото и гревот: љубовта восторжествувала над омразата, вистината над лагата и, на крајот Животот над смртта: Бог Го воскреснал од смртта. Целото зло на светот, целата сила на распадот, која царствувала во злото се покажале бессилни пред таа Праведливост и станале победени во еден Човек. Во еден Човек во царството на гревот и смртта влегло Царството на Бога – царството на љубовта, доброто и вечниот живот. А таа победа не ја стекнал за себе туку за другите, за сите – за да ги спаси сите и да ги воведе во тоа, од Него осуштествено Царство.
И затоа, од самиот почеток Он избрал дванаесет сведоци за да бидат со Него, да го слушаат Неговото учење, да ги видат Неговите дела, Неговата смрт, воскресение и прославение. И во ноќта кога преку крсната смрт влегол во Својата слава, Он им го заповедал Царството: ветил дека по своето прославување ќе им ја даде Својата сила, за тоа што го сторил Он Самиот да стане достојно на сите, па тие не само да можат да им го раскажат на луѓето Христовото Евангелие, туку и да ги приведат кон Него, да ги соединат со Него и да ги сторат учесници на Неговото Царство. Такво било ветувањето и истото се исполнило во денот на Педесетница. Во тој ден малечка група на ученици добила сила на сведоштво; сведоштво не само за животот и чудата на Учителот, туку и за тоа дека Он е Спасител, Цар и Господ на светот. За нив тоа сведоштво или доказ е Црквата во која Он продолжува да живее, во која преку рацете на учениците ја осуштествува својата власт и сила, во која Неговиот живот станува нов живот, на сите кои веруваат во Него. Слегувањето на Светиот Дух го означува сето тоа, оти тоа слегување ја гради Црквата од „малото стадо“.
Тоа се случило во Ерусалим. Меѓутоа од Евангелието знаеме дека апостолите биле Галилејци, односно жители на северниот дел на Палестина, и дека имено таму тие за прв пат го виделе Воскреснатиот Господ. Лука особено ги потцртува словата на Спасителот: „Не отргнувајте се од Ерусалим, туку очекувајте го ветеното од Отецот, она за кое слушнавте од Мене“. Почетокот на Црквата – таква е смислата на тие зборови – треба да биде положен во Ерусалим и тоа е исклучително важно за да ја разбереме црковната историја. Ерусалим бил средоточение на сите религиозно-национални очекувања на евреите, срце на целата старозаветна историја. Овеан од златната легенда на Соломоновата слава, легенда која била сведок на државничкиот полет на Израил во минатото, тој, во годините на ропство, унижение и рабствување, се појасно се осознавал како мистички центар на Израил, како свет Сион, каде во таинствениот „ден Господов“ треба да се објави Месијата, за да го спаси Својот народ и за да го востанови неговото царство. Тоа „месијанско царство“ – во виденијата на пророците – од тесно национална, политичка реставрација се преобразило во религиозно обновување на светот, во торжество на вистината и справедливоста, а Месијата во Спасител на луѓето од гревот и смртта. Затоа, кога во денот на Педесетница на недоумение на толпата, Петар одговорил со зборовите на пророкот Јоил: „и во последните дни, вели Бог, ќе го излијам Мојот Дух на секоја плот“, кога исповедал настапување на „денот Госпдов, денот велик и страшен“, кого го очекувал и во кого верувал секој правоверен Јудеец, тоа значело дека за христијанинот пришол Месијата, дека сите очекувања на Стариот Завет се исполнети и дека настапило „месијанското царство“. Тоа значело дека славата Господова која му била ветена на Ерусалим се спуштила врз него и дека старозаветната историја на спасението го нашла своето завршение во Црквата.
Таква е смислата на првите глави од книгата Дела Апостолски, тој пролог на црковната историја. Неверниот може да се сомнева во нивната „историчност“. Но и тој треба да признае дека не постоел ниту ден во кој христијаните не верувале во тоа божествено начало на Црквата, и дека самата вера е веќе по себе и основоположен факт на нејзината историја, без која тешко дека ќе може да се разбере целокупниот нејзин понатамошен развој.
Share