Сабота, 20 Јануари 2018

Празнична богослужбена програма

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА

ПРАЗНИЧНА БОГОСЛУЖБЕНА ПРОГРАМА ЗА ПЕРИОДОТ 
ОД ДЕНОТ НА СВ. НАУМ ОХРИДСКИ ДО ДЕНОТ НА СОБОРОТ НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ
(ОД 05 ДО 20 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНИНА ПО НОВ СТИЛ)

05 јануари - петок, Преподобен Наум Охридски

09.00 часот: Царски часови. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе богослужи во  ман. „Св. Наум Охридски“ – н. Радишани.



06 јануари - сабота,
Бадник - Св. мч-чка Евгенија

07.30 часот: Утрена; Златоустова литургија.

17.00 часот: Велико Повечерие.



07 јануари - недела,   Рождество Христово -
БОЖИК

09.00 часот: Литургија на Св. Василиј Велики. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе  богослужи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.



08 јануари - понеделник, Собор на Пресвета Богородица -
втор ден Божик

09.00 часот: Златоустова Литургија. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе богослужи во  црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ - Центар.



09 јануари - вторник,
Свети архиѓакон  и првомач. Стефан - трет ден Божик

09.00 часот: Златоустова Литургија. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе богослужи во  црквата „ Преподобна Параскева“ („Св. Петка“) – н. Црниче.



14 јануари -
недела, Обрезание Господово; Свети Василиј Велики

09.00 часот: Литургија на Св. Василиј Велики и Молебен по повод Новото лето Господово 2018. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе  богослужи во  црквата “Св. пр.  Илија“ – н. Аеродром.



18 јануари - четврток, Водокрст; св. мч-ци Теопемпт и Теона; св. пр. Михеј

07.30 часот: Утрена; Царски часови; Литургија на Св. Василиј Велики со Вечерна и Голем Водосвет.



19 јануари - петок, Богојавление -
ВОДИЦИ

09.00 часот: Златоустова Литургија и Голем водосвет. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе  богослужи во  црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ - Центар. Богојавленските литии во 11,45 да бидат на мостот кај „Холидеј Ин“. Околу 12.00 часот Поглаварот на Македонската православна црква ќе го спушти Светиот и животворен Крст во водите на реката Вардар.



20 јануари - сабота, Собор на Св. Јован Крстител

09.00 часот:  Златоустова литургија. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе богослужи во  црквата „Св. Јован Крстител“  - Ново Лисиче.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Од канцеларијата на Скопската Православна Епархија

 

Share