Сабота, 20 Јануари 2018

Повелба до свештенослужителите од Скопската епархија

П О В Е Л Б А

Се задолжуваат парохиските свештеници на Скопската православна епархија, почнувајќи од летото Господово 2018, повеќе да не присуствуваат на т.н. бадникови огнови кои се прават надвор од храмовите на Скопската православна епархија и да не извршуваат молитвословија при истите.

 

Образложение: Бадниковите, или уште наречени коледарски огнови, во годините наназад беа плод на традиција којашто излегува надвор од православната атмосферата на прославувањето на Рождеството Христово. Всушност, сегашниот облик на овој „обред“ е целосно искривување на некогаш благородниот обичај на продолжување на молитвениот собор по завршетокот на бадниковото Повечерие. Имено, нашите доблесни предци љубеле да остануваат во дворот на црквите и по завршувањето на соборната молитва, со цел што подолго да можат да Го славословат Бога, па заради ниските зимски температури, понекогаш запалувале и оган. Но денес е сосема изменет начинот на којшто се разбира и практикува тој „собир“, и неговата суштина добива друга димензија, па наместо продолжување на соборната молитва, овие средби станаа, во поголема мера, одраз на паганство, отколку на живото православно предание.

 

 

Со Божји благослов,

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

† СТЕФАН

Share