Сабота, 20 Јануари 2018

Архиерејска Литургија во чест на патронот на Македонската православна црква - СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

На денот кога Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога - СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско - гостиварски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје на која во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Антонио Апостоловски. На малиот вход со Синодска одлука протоерејот Томе Велјанов доби ставрофорско одликување.
DSC08798SPE_4597_-_CopySPE_4619_-_CopySPE_4637_-_CopySPE_4672_-_CopySPE_4674_-_CopySPE_4691_-_CopySPE_4709_-_CopySPE_4712_-_CopySPE_4733_-_CopySPE_4742_-_CopySPE_4744_-_CopySPE_4749_-_CopySPE_4753_-_Copy
Share