Понеделник, 18 Декември 2017

Средба на Архиепископот Стефан со директорот на Центарот за меѓурелигиски дијалог и цивилизација на Република Иран


Во четвртокот, на 23.11.2017 година, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, оствари средба со директорот на Центарот за меѓурелигиски дијалог и цивилизација на Исламската Република Иран, д-р Мохаммад Махди Тасхири. Господинот Тасхири беше придружуван од г. Мансоор Чавоуши од МНР на И.Р. Иран, и од Неговата екселенција. г. Хосеин Карими, Амбасадор на И.Р. Иран во Република Македонија. На средбата присуствуваа и секретарот на Синодот на МПЦ-ОА, епископот Хераклејски, г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски.

SPE_4352
SPE_4351_copy_copy
SPE_4354
SPE_4324



Share