Петок, 24 Ноември 2017

Бесплатен превоз по повод осветувањето на храмот Св. Наум Охридски во населба Радишани


Почитувани,

По повод осветувањето на новоизградениот храм „Св. Наум“ – н. Радишани, во недела 22.10.2017 година, ангажирани се автобуси на ЈСП кои ќе превезуваат до храмот во н. Радишани, со следен возен ред:

  1. Првиот автобус, со поаѓање во 08.00 часот ќе тргне од храмот ,,Св. Спас“ во н. Драчево кон ,,Св. Илија“ и ,,Св. Јован Крстител“ кај мостот „Близнаци“ во н. Јане Сандански и ,,Св. Архангел Михаил“ во н. Автокоманда.
  2. Вториот автобус, со поаѓање во 08.00 часот ќе тргне од храмот ,,Св. Петар и Павле“ во н. Ѓ. Петров кон Соборниот храм ,,Св. Климент Охридски“ и ,,Св. Димитриј“ во Центар.
  3. Третиот автобус, исто така во 08.00 часот ќе тргне од храмот ,,Св. Петка“ во н. Црниче кон ,,Св. Богородица“ во Центар и ,,Св. Георгиј“ во н. Чаир на спојот на улиците Џон Кенеди со Цветан Димов.

Посакувајќи Ви изобилни добрини од Господа, ве очекуваме на молитвениот собор во Радишани.

Од Канцеларијата на
Скопска православна епархија
Share