Сабота, 25 Ноември 2017

Фрескописна, иконописна и резбарска колонија во Марковиот манастир

И З В Е С Т У В А Њ Е

Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, од 14 до 21 септември 2017 година, во Марковиот манастир „Свети Димитриј Солунски“ ќе се одржи интернационална фрескописна, иконографска и иконорезбарска колонија. На колонијата ќе учествуваат еминентни балкански иконописци, и резбари, чие дела ги красат црквите ширум Балканот, вклучително и Света Гора.
Помеѓу присутните ќе бидат фрескописците Кирил Томанов (член на Кралското здружение на минијатурсти), Јордан Иванов, кој изработувал фрескопис на Света Гора,  Галин Ганчев и проф. Венко Цветков, резбарите Васил Иванов и Тихомир Георгиев, иконописците Димчо Димчовски, Тереза Илкова, Гергана Симеонова, Димитринка Стојанова, и Надја и Румен Петкови.
Ги повикуваме сите љубители на богословието и красотата на православната иконографија да ја посетат колонијата во деновите од 14 до 21 септември, во периодот помеѓу 09:00 ч. – 15:00 ч.

 

Share