Сабота, 25 Ноември 2017

Успение на Пресвета Богородица


На 28 август 2017 година, денот во кој Црквата го прославува Успението на Пресвета Богородица, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи божествена литургија во манастирот посветен на празникот на Успението, во Матка. На евхаристискиот собир учествуваше многуброен лаос Божји, собран за литургиско прославување на великиот благден на Успението на Богомајката, онаа во која, како што рече Архиепископот, ние, верните, имаме најсилна помошничка и застапничка затоа што преку нејзиното раѓање на „Единородниот Син Божји, нејзиното име е подигнато над секое име. Таа постанала Мајка Божја и Бог преку неа слегол меѓу луѓето. И преку неа ни доаѓа сè што е божествено, небесно, вечно, бесмртно и свето“. Затоа, Архиепископот додаде дека „светите отци и учители на Црквата учат дека лествицата – скалата што праотецот Јаков ја видел во сон, по која слегувале и се качувале ангели е праслика на Пресвета Богородица... И навистина, Мајката Божја со својот духовен растеж го допрела небото и постанала за цело човештво духовна скала по кој и преку која луѓето ќе се искачуваат кон небото. Затоа во една од празничните песни за овој ден пееме: `радувај се лествицо, која Јаков ја виде...`“, па оттаму, “светата Црква, ликот на Пресвета Богородица го истакнува и пред и над сите светители и Божји угодници, зашто нејзиниот пример бил највисок меѓу сите светии и праведници Божји. Нејзиното целосно припаѓање на волјата Божја ќе остане за сите времиња како најсовршен патоказ по патот кон небесното царство“, кажа во својата беседа нашиот Архипастир.

SPE_1009
SPE_1248_copy
SPE_1030
SPE_1038
SPE_1062
SPE_1156
SPE_1176
SPE_1247
SPE_1290
SPE_1307
SPE_1356_copy
SPE_1416
SPE_1418
SPE_1440

Share