Сабота, 25 Ноември 2017

Со божествена литургија прославено Преображението на Господ Исус Христос


На 19 август 2017 година, кога Црквата го прославува Преображението на Господ Исус Христос, Неговото блаженство Архиепископот охридски и имакедонски г.г. Стефан отслужи божествена литургија во соборната црква Свети Климент Охридски, во Скопје. На литургијата во протопрезвитерско достоиство беше ракопроизведен јерејот Стевчо Беќарски, свештеник во соборната црква.
По завршетокот на Евхаристиското собрание Архиепископот, во согласност со долговековното предание на Црквата ги благослови принесените гроздови плодови. 
SPE_0850
SPE_0703
SPE_0765
SPE_0877
SPE_0784
SPE_0834
SPE_0869
SPE_0879
SPE_0885
SPE_0914
SPE_0943
SPE_0946

Share