Петок, 22 Септември 2017

Известување

 

На 26 август 2017 (ден сабота) со почеток во 08.00 часот, во храмот „Вознесение Христово“- Свети Спас - Драчево, ќе се отслужи Божествена златоустова Литургија, по која во големата трпезарија ќе се одржи трибина, на која ќе говорат следниве гости:

  • · Проф. Петко Златески – продекан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на тема: БИБЛИСКИТЕ ПРИМЕРИ ОД АСПЕКТ НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ;
  • · Презвитер Бобан Митевски – професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на тема: ПЛОД ДОСТОЕН ЗА ПОКАЈАНИЕ;
  • · Презвитер Горан Тасески – свештеник во резиденцијалниот архиепископски манастир „Св. вмч. Георгиј“ – Криви Дол – Скопје, на тема: ЅВОНА ЗА ДУХОВЕН ПРЕПОРОД.

По нивното излагање, ќе се отвори дискусија со прашања од слушателите и присутните верници.
Воведничари на трибината ќе бидат вероучителите Илија Орачки и Стефан Цветановски.

Share