Четврток, 17 Август 2017

Панихида за учесниците на III црковно-народен собор

 

Денес, кога се навршуваат 50 години од одржувањето на III црковно – народен собор од 1967 година, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештеници од Скопската епархија, отслужи Панихида во црквата „Св. Димитриј“ во центарот на Скопје.

Со овој чин, молитвено беа спомнати учесниците на соборот, чијашто одлука значеше возобновување на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква – годишнина што се одбележува ова лето Господово.

Во своето обраќање Архиепископот потенцираше дека ние денес, за тоа што го имаме - своја Црква и своја Татковина, за можноста да ја исповедаме и живееме Христовата вера во свое црковно и државно парче земја, треба да им бидеме благодарни и на овие богољупци и родољупци - учесниците на историскиот Трет црковно-народен собор, како и на сите борци и бранители за Охридската столица.

SPE_9614SPE_9617SPE_9647SPE_9665SPE_9675SPE_9727
Share