Четврток, 20 Јули 2017

Промовирано изданието СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН

_67_9
Денес во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје беше промовирано изданието СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН со превод и коментар на проф. д-р Јован Белчовски. Книгата била пишувана во втората половина на 11 век кога Византиската Империја се судрувала со економско – воени и политичко – морални предизвици. Авторот, по мајка Словен, а по татко Ерменец бил висок воен чиновник (полковник) и потекнувал од феудална средина на воено – провинциска аристократија на Византија. СОВЕТИ И РАСКАЗИ се своевремено отсликување на животните проблеми на државата, нормите, моралот, обичаите, семејните односи, правниот живот, политиката, службите, домаќинството, војните, востанијата, црквата и религијата, суеверијата и воопшто нивото на култура и на животот во сите сфери во тоа време на балканските простори. Пред присутните со свое слово пристапија Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан и проф. д-р Ратомир Грозданоски. На промоцијата присуствуваше и епископот хераклејски г. Климент.
_16_27_59_30

СОВЕТ 36. Молитвата на не се запоставува, во секое време од денот

Ти слушна дека ти посоветував да се трудиш да бидеш ревносен во добивањето средства за живот, но не предавај се на некои прекумерни планови и работи оти така ќе ја изгубиш својата душа и откако ќе го запоставиш Господа, ќе заборавиш за црковното псалмопеење извршувано од православните мирјани, а имено: за утрената и за (молитвата) во четири часот, а истовремено со тоа и за вечерната и за (молитвата) пред спиење, бидејќи сето тоа постои за уредување на нашиот живот. Со литургиите ние покажуваме дека сме верни чеда на Господа. Што е тоа ако се признава Бог, дека Тој постои?! Тоа го признаваат и неверните и ѓаволите, воопшто сите. Потребно е не да ги извршуваш сите тие литургии, туку ако можеш да правиш и полноќна молитва, читај макар еден псалм, бидејќи во тој час можеш без пречки да разговараш со Бога. Откако ќе се помолиш, одмори се, бидејќи да се разговара насамо со Бога не е тешко, туку пред сè е радост.....

СОВЕТ 49. Во пријателството имај и граница

Не гарантирај никогаш за никого, бидејќи многумина кои гарантирале запаѓале во беда. Дури ако тоа е твој близок пријател, не гарантирај за него. Всушност, ако имаш дај му го тоа што е потребно и ќе ја зацврстиш љубовта....

СОВЕТ 53. За примање на духовен чин

Кон тоа ќе ти додадам и ваков совет. Ако стапуваш во духовен ред за да станеш митрополит или епископ, не земај го на себе овој чин сè дури после пост и бдение не дојде на тебе видение одозгора и не добиеш од Бога целосна увереност. Доколку божјата слава доцни, собирај храброст, чекај и смири се пред лицето на Господа – и ќе видиш...
Share