Четврток, 17 Август 2017

Богослужбен распоред за време на светата четириесетница

За време на Велигденскиот пост, Негово блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи или ќе присуствува на светите Литургии во следниве храмови:

Недела на Православието (05.03.2017)
Соборна црква „Свети Климент Охридски“ – Центар

Недела на св. Григориј Палама (12.03.2017)
Црква „Света Параскева (Петка) Римјанка“ – Црниче

Недела Крстопоклона (19.03.2017)
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар

Недела на св. Јован Лествичник (26.03.2017)
Црква „Свети архангел Михаил“ – Автокоманда

Недела на св. Марија Египетска  (02.04.2017)
Црква „Свети вeликомаченик Георгиј“ – Чаир

Благовештение на Пресвета Богородица (петок 07.04)
Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка

Лазарова Сабота (08.04.2017)
Црква „Вознесение Христово“  – Маџари

Влегување на Господ Исус Христов со Ерусалим – Цветници  (09.04.2017)
Црква „Светите апостоли Петар и Павле“ – Ѓорче Петров


Од канцеларијата на Скопската православна епархија

 

Share